Платите на вработените во секторот згрижување стари и болни во Луксембург повторно се зголемени, па негувателка во старечки дом, со десет години работен стаж, заработува околу 65.000 евра годишно, со дополнителни бонуси. Медицинска сестра, според податоците, за истиот период може да заработи околу 100.000 евра. Во Луксембург, нешто повеќе од 100 негуватели завршуваат обука секоја година, а податоците покажуваат дека веќе околу 50 отсто од медицинските сестри доаѓаат од соседните земји
Според податоците на германската национална служба за вработување, повеќе од 52.000 Германци ја напуштиле својата татковина и заминале на работа во Луксембург, што е за повеќе од 30 отсто повеќе од пред десет години. Таму само во здравствениот сектор и социјалната заштита, вработени се 6.300 лица со германско државјанство, а повеќето од нив дури и не ги напуштиле своите домови, туку секојдневно патуваат на работа во соседната земја.
-Во регионот се прошири веста дека условите за работа во Луксембург се многу подобри отколку во Германија. Речиси нема прекувремена работа, има повеќе персонал, а платата е речиси двојно поголема, вели директорката Миреил Вирц Ленерц, што е потврдено од една од вработените која вели дека во Луксембург за 60 проценти од работното време заработуваат повеќе во споредба со Германија, пренесува Мондо.рс.
Над 80 отсто од 147. вработени во старечкиот дом „Оп Ламп“ имаат германско државјанство и се грижат за 81 жител на домот.
Платите на вработените во секторот згрижување стари и болни во оваа земја повторно се зголемени, па негувателка во старечки дом, со десет години работен стаж, заработува околу 65.000 евра годишно, со дополнителни бонуси. Медицинска сестра, според податоците, за истиот период може да заработи околу 100.000 евра.
Според процена на здружението на негуватели „Копас“ во следните пет години во секторот нега ќе треба да се пополнат 4.000 места, вклучувајќи 900 медицински сестри, физиотерапевти, па дури и асистенти во кујна.
Во Луксембург, нешто повеќе од 100 негуватели завршуваат обука секоја година, а податоците покажуваат дека веќе околу 50 отсто од медицинските сестри доаѓаат од соседните земји. Управничката на луксембуршкиот дом за стари лица, Вирц-Ленерц, стравува дека во наредните години ќе биде потешко да се најдат старатели од Германија. Иако платите таму растат, таа вели дека се надева на подобри услови за работа, пониски даноци и на крајот подобри пензии во Луксембург. Истовремено не е оптимистичка вест за домовите за стари лица во Германија, бидејќи само од болницата „Бармерциг Брудер“ во Трир годишно во Луксембург заминуваат од 25 до 30 медицински сестри.
Според директорот на болницата, Јорг Могендорф, овој тренд повторно расте и покрај тоа што Германците се обидуваат да го задржат персоналот со додатоци на плата и различни бенефиции. Дека ситуацијата не се подобрува, туку напротив се влошува, сведочи и Комората на згрижувачки работници Рајнланд-Пфалц. Нејзиниот претседател Маркус Маи смета дека малку може да се направи против одличните плати во соседните земји.
-Единствено што може да се направи е да се зголеми бројот на вработени во тој сектор во погодените региони. Нашата комора како државна институција има малку можности да влијае на таа ситуација, рече тој.
Условите за работа во Луксембург најдобро се гледаат од сметките на Германците кои отишле во оваа земја, а еден од нив е и Сомае Мецгер.
-Во Германија бев одговорен за девет или десет пациенти во една смена, често работев 15 дена по ред. Во Луксембург имам пет луѓе за кои треба да се грижам. Лесно можам да ги балансирам работата и приватниот живот. Тоа е и превентивна мерка против лошо расположение и стрес, а такви има се повеќе во Германија, не само во секторот за нега, вели таа.