И ЕСМ-Производство поднеле барање за покачување на цената на парното и топлинската енергија за 20 отсто, оправдувајќи го ваквото барање со зголемените трошоци за набавка на гориво. Апликацијата стигнала до Регулаторната комисија за енергетика 18 јануари 2025 година, во која се наведува дека трошокот треба да се коригира за речиси 21 отсто.
– Ваквото покачување би значело зголемување на сумата која ќе биде издвоена за оваа намена на 14,5 милиони евра, со што би се испорачале околу 254,7 милиони киловат часа топлинска енергија. Барањето за зголемување на цената на услугата се однесува на потребата од покривање на зголемените трошоци за набавка на гориво, што директно влијае на цената на производството на топлинската енергија. Ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите – велат од ЕСМ.
Оттаму нагласуваат дека ова покачување е неопходно за да се одржи стабилноста на снабдувањето со топлина и за да се обезбеди континуирана услуга за потрошувачите.
– Во тек на тековната грејна сезона зголемена е цената на природниот гас, енергент што претставува основно погонско гориво за производство на топлинска енергија, поради што се доставени барањата до РКЕ. Независно дали Регулаторната комисија за енергетика ќе донесе одлука за корекција на регулираниот максимален приход и цената, сакаме да потенцираме дека топлинската енергија останува најеколошки и најекономичен начин на загревање споредено со другите начини на греење – велат од ЕСМ.
Дали ќе има покачување на цената на парното на потег е Регулаторната комисија за енергетика која треба да одлучи дали ќе го одобри ова барање и каква ќе биде финалната одлука во однос на цената на парното греење. Според досегашните пресметки на регулаторите, со ваквите барања на компаниите за парно на ЕСМ, греењето би поскапело за 10 до 11 насто.
(С.Бл.)