Семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ како последица на пожар кој се случи на 16 март, и денеска протестираат барајќи правда за своите најмили.семејствата на загинатите.
Со слики во рака од своите најмили, маршот го почнаа од Паркот на Револуцијата, се движеа кон Трговскиот центар, потоа кон Општина Кочани, каде изразија револтот кон институционалното работење, потоа продолжија кон МВР при што им посочија дека задоцниле со реакција во секоја смисла на зборот.
Протестот заврши пред Основен суд, каде граѓаните побараа отчет за сработеното и неселективна правда.
Фото:П.Стојановски