Со палење свеќи и положување цвеќе, граѓаните и денеска и оддадоа почит нa Фросина Кулакова од Неготино, која беше прегазена додека поминуваше пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во близина на Универзалната сала во Скопје. За утре 02.02.2025, во 17 часот, на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала, најавен е протестен марш „Кој е следен?“ за случајот со Фросина Кулакова.
Во последните две години, животите на 53 пешаци згаснале во сообраќајниот хаос, но јавноста поврзува четири случаи кои се симптоматични – 24 годишната Викторија Николова и 25 годишната Оливера П. од Радовиш, 26 годишната Фросина Цековска од Крива Паланка и 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино – се млади девојки кои прописно и на пешачки премин, ја преминувале „Партизанска„ а млади момчиња со запрепастувачка непочит кон основните сообраќајни правила им ги одзеле животите.
Поранешниот началник на МВР, Љубомир Ѓурчевски вели, полицијата знае кога, каде и најчесто од која возрасна група дивеат по улиците но полициската функција слабее поради политичко влијание и ослободување од одговорност.
Граѓаните втор ден по ред го искажуваат својот револт за сомнително благите и минимални казни на сторителите и инсистираат ваквото дивеење по улиците да се третира како убиство со умисла, поттикнат од последниот трагичен инцидент со смртен исход по младо и невино лице.
Најавен е протестен марш „Кој е следен?“ за утре 02.02.2025, во 17 часот, на булевар Партизански Одреди, кај Универзална сала за случајот со Фросина Кулакова.
„Случајот не е изолиран, се повторуваат истите случаи на неконтролирано возење со години, се повторува неказнувањето и недолжното згаснување на животи. Фрустрирани од состојбите што не се менуваат, повикуваме на изразување на граѓански револт“ стои во соопштението на иницијативата „Кој е следен?“
„Системот ги отфрла децата и младите кои поради недоволна грижа го избираат погрешниот пат. Институциите не се координирани и тоа доведува до млади кои не ја добиваат потребната поддршка за да бидат активни чинители во општеството. Тој недостиг на поддршка резултира до сѐ почести фатални последици“нагласуваат во пораката.
Организираниот протест има за цел да адресира три главни проблеми:
1. Нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот
2. Недоволна безбедност во градовите
3. Глорификација на девијантно однесување Алките во системот за работа со деца и млади во судир со законот не функционираат.
Институциите не настапуваат координирано за идентификување на децата и младите во судир со законите, а тие кои веќе се идентификувани не ја добиваат функционалната грижа за да се изградат во корисни и чесни граѓани на општеството. Дополнително, урбаната инфраструктура не ја осигурува потребната безбедност.
Неопходно е градовите да можат да гарантираат безбедни услови за живот. За крај, од исклучителна важност е да се поттикне јавната свест кон гласно осудување на глорификацијата на девијантното однесување. Круцијално е да се информираат граѓаните за последиците од возвишувањето на неказнивоста и заобиколувањето на правилата“ се додава во соопштението на иницијативата „Кој е следен?”
ИЗДВОЕНИ
Спектакуларни снимки од Нови Сад под блокада: Море од луѓе во борбата за правда/ФОТО
Директорот на Управата за извршување санкции потврди дека е најден телефон кај притворениот Јованов, најави дисциплинска постапка
Мицкоски: Наскоро ќе почнат анкетите за избор на можни кандидати за градоначалници
Возачот, 42-годишна жена, којa удри пешак и избега од местото на несреќата е лишена од слобода, против неа ќе биде поднесена кривична пријава