Се чини дека размената на Лука Дончиќ во Лос Анџелес лејкерс не беше крај на лудиот трансфер-период во НБА, во февруари 2025 година, бидејќи сега имаме уште една „бомба“.
Џими Батлер беше разменет во Голден стејт, вклучени се четири клуба, што понуди уште еден интересен пресврт.
„Воините“ го добија кошаркарот што има долг јазик и просек од 17 поени на натпревар оваа сезона, што може да биде добар потег за Голден стејт.
Мајами ги прибра Ендрју Вигинс, Кајл Андерсон, П.Џ. Такер и избор на драфтот од првиот круг во 2025 година.
Детроит ги доби Линди Вотерс Трети, Џош Ричардсон и вториот пик на драфтот. Но, во целата приказна посебен е Денис Шредер, кој ќе биде „драфтуван“ по втор пат оваа сезона.
Германскиот репрезентативец оди во Јута, а пред два месеци беше дел од размената меѓу Голден стејт и Бруклин.
Шредер е вистински кошаркарски номад, бидејќи ова ќе му биде деветти клуб во 12. НБА-сезони, во кои е активен од 2013 година. Во својата кариера, тој играше за Атланта, Оклахома, Лос Анџелес лејкерс, Бостон, Торонто, Бруклин, Голден стејт, а сега и за Јута.
За нештата да бидат поинтересни, тој беше првиот што се огласи по размената на Дончиќ во Лејкерси и ги критикуваше размените што ги прават клубовите од НБА.
- Размените станаа како ропство, други одлучуваат за вас. Едноставно, само ќе ни кажат дека нè пратиле на друго место – изјави Шродер по заминувањето на Дончиќ во Лејкерс, не сфаќајќи дека и тој е пред уште една размена во кариерата.
Што се однесува до споменатиот Батлер, тој ќе заработи 121 милион долари за две години во составот на „воините“.