Хуманитарен велигденски настан за донирање храна, облека, лекови…

57

Националното координативно тело „Хуманитарни акции“ утре ќе го организира традиционалниот хуманитарен велигденски настан во рамките, на кој секој ќе може да донира храна, облека, лекови и друго, но и да подигнат помош штитениците од социјално ранлива категорија на ова тело. Настанот ќе се одржи во просториите на белата сала на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија – КСОМ.

Донациите можат да се носат во периодот од 12.00 до 16.00 часот, а ќе може да се превземаат од 15.00 до 17.45 часот.

– Сите наши членови и симпатизери ќе имаат можност да донесат донации и да се запознаат со нашите проекти, нашите координатори и активисти. Списоците за помош се веќе оформени, но даваме можност за нови случаи кои не добија помош во зимската хуманитарна кампања 2024/2025 година – соопштија од „Хуманитарни акции“. 

Донациите кои во моментот „Хуманитарни акции“ ги дава и имаат приоритет се: кампања „Храна за сите“, „Матурантски донации 2025“, „Донирајте лек – Споделете надеж“ и „Донираме обувки, облека , покуќнина“. Рестораните и сендвичарниците кои сакаат да донираат благовремено треба да информираат за да се организира транспорт со соодветни стандарди.

На настанот комисиски ќе се дополнува списокот за проектот „Бесплатно летување“, во рамките на кој има уште неколку слободни опции за нови случаи.

Од физички лица – донатори се прифаќаат само конзервирана храна и продукти од супермаркет, додека донираната облека мора да биде обележана на пакетот со информации за пол, величина, висина. 

(А.П.)

 

ИЗДВОЕНИ