Хуманитарен турнир во мал фудбал

49

Годишниот IX. Меѓуинституционален хуманитарен турнир во мал фудбал кој, традиционално, секоја година се одржува под покровителство на градоначалникот на Општина Демир Хисар, а во пресрет на Велигденските празници, започнува официјално на 21.5.2024 година (вторник), со почеток од 17 часот, а ќе трае до 23.5.2024 г. (четврток).

Од Општината информираат дека поради спроведувањето на изборните процеси во државава, турнирот оваа година е пролонгиран и е хуманитарен, при што, сите собрани средства ќе се наменат во добротворни цели.

Рокот за пријавување е заклучно до 20.5.2024 (понеделник), а ждрепката ќе се одржи истиот ден во просториите на општината.

Партиципацијата за учество за секоја пријавена екипа изнесува 5.000 ден. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Јордан Пиперката“, Демир Хисар.