Во Спортскиот центар „Аеродром“ – ООУ „Блаже Конески“ во Скопје, вчера се одигра хуманитарен меѓународен натпревар во духот на заедништвото, солидарноста и љубовта за настраданите во Кочани, објави Бигорскиот манастир.
Оттаму информираат дека натпреварот се одржал меѓу екипите ФК „Бигорски“ – духовни чеда на манастирот „Свети Јован Бигорски“ и екипата од Република Србија – поклоничко друштво „Пут на Свету Гору“.
На пријателскиот натпревар одигран во спортски дух, подобра била гостинската екипа.
– Сите собрани средства од натпреварот ќе бидат наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани. Упатуваме голема благодарност до гостите од Србија, како и до сите учесници, публиката и до сите хумани луѓе што помогнаа и донираа – стои во објавата од Бигорскиот манастир.