Основното училиште „Кртсе Мисирков“ во наслебата Ченто, во Општина Гази Баба, ги повикува сите што се во можност да учествуваат на хуманитарниот базар што ќе се одржи во спортската сала, во вторник со почеток во 17:30 часот.

– Дојдете, посетете нè, купете си нешто креативно, изработено од нашите ученици со мали рачиња, ама со големи срца и помогнете ни заедно да направиме големи дела – потенцираат од училиштето.

Собраните средства ќе бидат донирани за настраданите во пожарот во Кочани.

 

ИЗДВОЕНИ