
Анте Кудуз (29) го напушти ракометниот клуб Динамо Букурешт и се упати во Катар каде што ќе игра за Ал Рајан. Во Динамо помина седум години и шест пати беше шампион на Романија, а сега реши да се откаже од три плати за да замине на друг континент. Тој го напушти клубот пред реванш четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против Магдебург. Германскиот тим го доби првиот натпревар на гости со 30:26.
Кудуз кариерата ја започна во РК Осиек, од каде што се пресели во Вараждин. Една сезона помина во Дижон, Франција, под водство на легендарниот поранешен ракометар Џексон Ричардсон, додека две сезони во Винтертур, Швајцарија. После тоа, во 2018 година замина во Динамо каде што беше до сега, освен полусезоната 2021/22 која ја мина во Вардар. Новиот тим на Кудуз 14 пати го освојуваше првенството на Катар, но последен пат во сезоната 2011/2012. Според информациите на романските медиуми, Динамо ќе добие трансфер сума.
Кудуз оваа сезона не беше меѓу главните играчи на клубот, а последниот натпревар го одигра изминатиов викендов, постигнувајќи пет гола во шампионската на Романија против ЧСМ од 36:28. Тој оваа сезона во Лигата на шампионите постигна вкупно 13 гола.
Пред три години реши да го смени спортското државјанство и да игра за Романија. Во таа пригода изјави дека ја чекал поканата од Хрватска и дека најголема желба му е да игра за „коцкестите“ на големите натпреварувања. Тој истакна дека ја почитува сечија одлука, но убеден е дека требало да му се дадат повеќе можности.
Тој дебитираше за Хрватска, во 2019 година, против Белгија во квалификациите за Европското првенство, но ниту фактот што беше најдобар стрелец во романската лига и најдобар хрватски стрелец во Лигата на шампионите во сезоната на корона не му помогна да постигне подобар статус од поширокиот список. Романија се натпреваруваше на Европското првенство во 2024 година, но Кудуз не беше повикан поради повреда. Таа го спречи да игра против Хрватска, бидејќи двете селекции се пласираа во иста група, а Хрватска победи со 31:25.