Хрватска го има најчистото море за капење, потврди најновата официјална анализа и извештај на Европската комисија и Европската агенција за животна средина. Врз основа на минатогодишните податоци, анализата покажа дека 99,1 отсто од хрватските крајбрежни области (поточно 886 од 894 анкетирани) добиле одлична оцена во однос на квалитетот на морската вода. Истражувањето опфати 27 земји-членки на Европската унија, Швајцарија и Албанија. Првото место го зазеде Хрватска, а потоа Грција, Кипар и Австрија.

За Јадранското Море пишуваат и Американците

За морето во Хрватска пишуваше и американскиот магазин Travel + Leisure. Тие пишуваат дека малата земја, лоцирана покрај Јадранското Море, го запрепастила светот со своите импресивни резултати.

„Ако пливањето или пловењето во неверојатно чистото море во Хрватска звучи како ваш летен сон, можеби ќе сакате да одите таму што е можно поскоро. Хрватска е една од најдобрите земји во Европа за љубителите на плажите Речиси 50 милиони луѓе се собираат на нејзините брегови секоја година“, се вели во написот.

„Хрватска има повеќе од 2.736 километри крајбрежје на копното, со дополнителни 4.000 милји крајбрежје на острови и островчиња во Јадранското Море. Широко околу 193 километри, Јадранското Море ја дели Италија од Балканот и е познато по својата чистота“, додаваат тие.