Хрватска го купува најмоќното оружје во својата историја – вреди 300 милиони долари

1936
EPA-EFETOMS KALNINS

Хрватска планира да го купи најмоќното оружје што го имала копнената армија – повеќекратниот ракетен фрлач М142 HIMARS. Хрватскиот дневен весник „Јутарњи лист“ објавува дека земјата до крајот на годината ќе треба да потпише договор со САД за набавка на досега најмоќното оружје за копнена војска, ракетниот систем „ХИМАРС“.

По купувањето на борбените авиони „Рафал“, противвоздушниот систем „Мистрал“ и склучувањето договор на дополнителни хеликоптери „Блек Хок“, военото раководство сега фокусот го става на опремување на копнените сили со нови моќни системи со долг дострел со голема огнена моќ.

Весникот наведува дека договорот со САД може да се склучи до крајот на годината и дека тоа би била најскапата набавка во историјата на Хрватска.

Според информациите на „Јутарњи лист“, договорот што треба да се потпише е вреден околу 300 милиони долари и ќе биде наменет за набавка на повеќецевниот ракетен фрлач „М142 HIMARS“.

Преговорите со САД траеле околу две години, а во тек е набавка на целосно нов систем.

Целата набавка се очекува да биде комплетирана во следните четири години, а плаќањето најверојатно би се вршело авансно и на месечни рати.

„ХИМАРС“ е исклучително подвижен артилериски систем земја-земја на тркала. Системот вклучува камион, систем за контрола на пожарот и контејнер со капацитет од шест проектили, а таков засега имаат само три европски земји. Со него драматично ќе се смени односот на воената моќ во регионот.