Хронологија на ужасот во училиштето во Загреб: „Се почнало на големиот одмор, прво претепал ученик“!

1851
Фото: screenshot X

Едно дете е убиено, а наставник и шест ученици се повредени во напад со нож што се случи утринава во основното училиште „Пречко“ во Загреб.

Полицијата кажа дека нападот го извршил 19-годишник, кој притоа и самиот си нанел повреди во обид да си го одземе животот. Тој порано бил ученик во училиштето и живеел во близина, а евидентиран е поради психички пречки и обид за самоубиство пред една година.

– Тешко е да се каже дека тоа е ментално урамнотежена личност, со оглед на тоа што денеска се обиде да се самоубие, рече министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.

ХРТ објави дека децата кога ја напуштале салата по појадокот виделе крв во ходникот и млад човек како тепа момче. Младичот потоа влегол во првото одделение на кое наишол. Таму најверојатно избодел неколку ученици.

После тоа, тој истрчал од училиштето и побегнал во блискиот Здравствен дом, каде се заклучил во тоалетот и се обидел да се самоубие, дознава ХРТ, што полицијата го спречила.

Според информациите од местото на настанот, напаѓачот бил облечен во црно.

Хрватска е во шок по невиденото злосторство во загрепското основно училиште Пречко. Како што пренесува Danas.hr, хоророт започнал на големиот одмор.

Родителите се во голем шок и страв за безбедноста на своите деца. Тие не разбираат како може да се случи вакво нешто. Сепак, оттаму истакнаа дека нападот се случил при крајот на големиот одмор, во делот на училиштето каде што се наоѓаат петтото и првото одделение.

„Некои од децата веќе беа во училниците, некои во ходниците. Ќе им треба психолошка помош и кризен тим, како и да работат на безбедносните мерки“, изјави од местото на настанот репортерката на RTL, Зорана Чичак Кулиќ.

Пристапот до училиштето е блокиран, а во него се и градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ и градските власти.

Родителите кои во голем шок и страв пристигнале да ги земат децата на училиште. „Наставниците се уште се во училиштето и сите се во канцеларијата на наставниците“, истакна репортерката на хрватскиот RTL, која разговарал со вознемирени родители.

Родителите рекоа дека утрово прво слушнале сирени, а потоа дошле во училиштето каде нашле полициска лента.

„Децата им кажале дека наставниците ги извадиле од училиште. Некои родители велат дека децата биле во блискиот здравствен дом каде напаѓачот, кој бил уапсен таму, наводно пристигнал подоцна“, посочува репортерот.