Хронологија на предметот Теодора

796
Screenshot

Информацијата на Судскиот совет за случајот со сообраќајката на Теодора ни ги отвори очите кој судија и обвинител како постапувал по предметот по неговиот пат до правдата. Заклучокот е дека, судијата Елведин Ферати кој беше единствено ставен од јавноста на ѕидот на срамот, и да сакал не можел да пресуди повисока затворска казна, пред се поради напаствијата од Врховниот суд од каде го вратиле предметот, откако обвинетиот Менсур Пајазити вложил жалба на пресудата од апелацискиот суд во Гостивар.

“Со одлука на Врховниот суд, пресудата на Основниот суд Тетово К.бр. 436/23 од 30 ноември 2023 и пресудата на Апелациониот суд Гостивар КЖ.бр.64/24 од 16 април 2024 се укинуваат и предметот се враќа на повторно судење на првостепениот суд, стои во одлуката на највисокиот суд. Да биде појасно Врховниот суд повикувајќи се на член 428 од ЗКП, а бидејќи имало изјавена жалба само во корист на обвинетиот, пресудата не смее да се измени на негова штета во однос на правната оцена на делото и на кривичната санкција. До ваквата правна ситуација допринел и Вишиот јавен обвинител од Гостивар Вјолца Елмази која кога предметот бил на одлучување во апелацискиот суд, се предомислила и од нејасни причини место да застане зад обвинението, таа побарала од судиите да му се намали казната на Пајазити. Така кривичниот совет од апелацискиот суд во Гостивар во состав Шефајет Хајдари, Даут Рустеми и Емине Мурати го прифатиле мислењето на вишата обвинителка и практично му ја преполовиле затворската казна.

Но, да се вратиме на почеток, кога завршила истрагата по несреќата. Обвинителството за сообраќајката поднело обвинителен акт за дело кое по закон може да казни со максимална затворска казна од пет години. Го гонеле за дело Загрозување на безбедноста на граѓаните и имотот во сообраќајот. На првичното судење, на 30 ноември 2023 судијката Верка Костовска (сега пензионерка) од Основниот суд Тетово на обвинетиот Пајазити му изрекла казна затвор од 3 години и 6 месеци, на јавната седница по негова жалба, погоре спомнатите апелациони судии ја намалиле на две години. Апелационите судии во пресудата објасниле дека казната се намалува зашто бил семеен човек, се каел што ја прегазил Теодора, на местото немало обележан пешачки премин и бил неосудуван и трезен.

Сепак, судиите од гостиварска апелација можеле и да не го прифатат барањето на вишата обвинителка Елмази, но сепак се одлучиле за нејзиниот предлог. Пајазити се жалел на Врховен и така предметот се врати на повторно одлучување кај судијата Ферати. На крајот и адвокатот на семејството на Тродора требало да им објасни дека повисока казна од досудената не е возможна укажувајќи им на законот и претходните постапувања на обвинителството и судските инстанци.

ИЗДВОЕНИ