Поранешниот македонски премиер Владо Бучковски ќе присуствува концертот во бугарската метропола Софија, во вторник, на кој ќе се одбележи 153-годишнина од раѓањето на Гоце Делчев. Ова денеска на социјална мрежа Фејсбук го соопшти Христо Христов, претседател на Меѓународната фонадација за соработка и културен натпревар „Гоце Делчев“, кој е организаторот на концеротот закажан во Софија. Тој рече дека неколку поканети гости од Македонија не се одзвале на поканата.
-Промените во програмата се наложија последниве денови. Не сме ги барале ние. Луѓето кои се откажаа се нашите блиски и не занеме што се случило. Добивме неколку негативни одговори – од претседателката Гордана Сиљанмовска, од министрите Владо Мисајловски, од Весна Јаневска и од Орхан Муртезани. Ќе дојдат други личности, поранешниот министер Владо Бучковски. Чествувањето ќе се оддржи на истото место и во исто време. Но, ќе има мала промена во програмата – наведе Христов.
Тој неодамна информира дека на концертот се поканети македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и премиерот Христијан Мицкоски, како и други министри. На концертот беше предвиден и настап на македонската поетеса Валентина Божиновска и на оперската пеачка Илина Митревска. Но, подоцна, тој добил известувања дека Божиновска и на Митревска го откажале доаѓањето.
Инаку, бугарското МНР вчера соопшти дека и годинава нема да има заедничко чествување на Софија и Скопје за Гоце Делчев. Наведено е дека годишнината од раѓањето на Гоце Делчев ќе биде одбележана од бугарската Амбасада , Генералниот Конзулат во Битола и локални Бугари кои ќе се поклонат пред неговото вечно почивалиште во црквата Св. Спас во Скопје. (Б.Ѓ.)