Храна која го намалува копнежот за слатки

1188

Сите сакаме нешто слатко од време на време, но прекумерното внесување шеќер може да доведе до разни здравствени проблеми.

Сепак, решението можеби не е само „силна волја“. Ако забележиме дека имаме желба за слатки до средината на утрото или ако цел ден се бориме со силна желба за шеќер, причината може да биде појадокот.

Според д-р Олалекан Отулан, вклучувањето здрави масти во утринскиот оброк може значително да помогне во намалувањето на желбата за шеќер, објаснува тој за YourTango.

Еве кои видови здрави масти ги препорачува:

Авокадо

Авокадото е одличен избор за почеток на денот бидејќи е богат со здрави, незаситени масти и растителни влакна. Обезбедува долготрајно чувство на ситост и може да помогне да се спречи подоцнежната желба за слатки. Може да се јаде на тост, да се додаде во смути, со јајца или други јадења.

Јаткасти плодови

Бадемите и оревите се хранливи и заситувачки. Бадемите содржат добра комбинација на протеини и масти, што помага да се одржи енергијата во текот на денот. Оревите се богати со омега-3 масни киселини, кои се важни за здравјето на мозокот и стабилноста на расположението, а исто така можат да ја намалат желбата за слатки. Може да се додадат во јогурт, смути или да се јадат како закуска.

Полномасен грчки јогурт

Овој тип на јогурт е богат со здрави масти и протеини, што помага да се ублажат скоковите на инсулин кои често се појавуваат после појадок богат со шеќер (како житарките). Одржува енергетска рамнотежа во текот на утрото. Можете да го комбинирате со свежи бобинки и една лажица путер од јаткасти плодови за вкусен и здрав појадок.

ИЗДВОЕНИ