Во Охрид се направени контроли на објекти како кабареа, ноќни клубови или дискотеки со лиценци за работа добиени во 2024 година и како што за весникот ВЕЧЕР изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, утврдени се направилности кај некои од нив во однос на противпожарната заштита. Тој најави дека деновиве јавноста ќе биде запознаена за кои објекти станува збор и дали тие се или ќе бидат затворени од Пазарната инспекција се до исполнување на минимално-техничките услови. Што се однесува до Струга и каква е состојбата таму, весникот ВЕЧЕР не можеше да добие информација ниту од градоначалникот, а ниту пак од подрачната единица на Пазарниот инспекторат – Струга.
Категоризираните хотели на Охридско-струшката ривиера се безбедни во однос на противпожарната заштита, тврди за весникот ВЕЧЕР, претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески. Тој вели дека во овој период секоја година се вршат редовни инспекциски контроли на хотелите со 4 и 5 ѕвезди и во изминатиов период немало некои поголеми недоследности и за оние кои биле воочени им бил даван рок на сопствениците на хотелите (обично до почеток на туристичката сезона) да ги исправат, дали станува збор за противпожарни апарати или нешто друго.
– Кај 90 до 95 проценти од категоризираните хотелски објекти можам да кажам дека сè е во ред. Во изминативе 30 години немало голем пожар во овие хотели, освен неколку помали што брзо биле угаснати. Проблем се сепак оние објекти кои примаат гости и работат на диво. Кај нив, никој досега не вршел контроли и проверки – вели Блажески.
Во однос на најавените вонредни контроли на инспекциските служби на хотелите Блажески не знаеше да каже, бидејќи, како што рече, не се закажани и се прават ненадејно.
Во Охрид се направени контроли на објекти како кабареа, ноќни клубови или дискотеки со лиценци за работа добиени во 2024 година и како што за весникот ВЕЧЕР изјави градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, утврдени се направилности кај некои од нив во однос на противпожарната заштита. Тој најави дека деновиве јавноста ќе биде запознаена за кои објекти станува збор и дали тие се или ќе бидат затворени од Пазарната инспекција се до исполнување на минимално-техничките услови.
Пецаков рече дека истовремено се спроведува и контрола на угостителските објекти, и на хидрантите во станбените објекти низ градот. Пецаков тука посочи дека поради негрижа и неодржување сите системи во објектите за колективно домување се најчесто нефункционални, притоа нагласувајќи ја неопходноста од нивно повторно оспособување. Што се однесува на јавните установи низ градот, Пецаков со оценка дека состојбата генерално е во ред.
– Во изминатите четири пет години во најголем дел од образовните институции со извршените реконструкции беа потребни и елаборати за противпожарна заштита и истите се контролирани од страна на инспекторот на Дирекцијата за заштита и спасување. Сите недостатоци доколку ги имале, минатата недела имаше состанок од страна на лицето вработено во Општина Охрид за безбедност заедно со претставници на училиштата, ќе бидат отстранети, но генерално состојбата во јавните установи, основните, средни училишта, градинки и спортски сали е во ред – рече тој.
Што се однесува до Струга и каква е состојбата таму, весникот ВЕЧЕР не можеше да добие информација ниту од градоначалникот, а ниту пак од подрачната единица на Пазарниот инспекторат – Струга. Некои медиуми повикувајќи се на информации од Пазарниот инспекторат во Струга објавија дека на подрачјето на Струга не биле регистрирани ноќни клубови или кабареа, додека од понеделник ќе почнат со контрола на сите регистрирани хотелски објекти и други објекти за свадби.
Портпаролката на Владата, Марија Митева, најави дека контролите продолжуваат и оти пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објекти наменети за прослави и големи собири
– Потребната документација којашто е поврзана со сите неодамнешни инспекции е целосно обработена. Целокупната постапка е завршена во форма на службен записник и е доставен до надлежните институции. Со ова, Дпи и формално и законски го заокружи првиот дел од процесот во рекордно време, обезбедувајќи ефикасност и усогласеност со прописите. Пет инспекциски екипи се активно на терен и вршат проверки на објектите коишто се наменети за прослави и големи собири, фокусот е ставен на проверка дали објектите ги исполнуваат минимално-техничките услови коишто ги бара законот. Во наредните денови очекуваме нов извештај од оваа контрола, кој ќе даде појасна слика за нивоата на усогласеност и сите неопходни корективни мерки коишто ќе треба да се преземат – истакна Митева.
(С.Бл.)