Олимписката шампионка од Игрите во Париз 2024 година, Кејти Маршант, доживеа страшна несреќа за време на трката во Лондон во рамките на Лигата на шампионите во велодром велосипедизам. Петтиот натпреварувачки ден во Лондон беше прекинат откако двете натпреварувачки, Британката Маршант и Германката Алеса-Катриона Пропстер, се судрија на патеката и со полна брзина излетаа на трибините, меѓу публиката.
На крајот, Маршант била пренесена во болница со скршеница на надлактицата, додека со неа и Пропстер лекарска помош побарале уште четири лица од публиката.
Olympic champion Katy Marchant was involved in a horrific crash which caused the Track Champions League Day 5 on Saturday to be cancelled. Marchant was taken to hospital after suffering a fractured forearm when she smashed off the track and into the crowd at London’s Lee Valley… pic.twitter.com/jaNiZLNh7y
— Phillip Martindale (@phillipm61) December 8, 2024