Хорор во Трогир: Педесетгодишник се обидел да отруе дете со отров за глодачи

234

Полицијата во Трогир уапси 50-годишен маж осомничен за обид за труење дете со „родентицид“, кој се користи за уништување штетни глодачи, во местото Арбанија. Заедно со казнена пријава, тој е предаден пред затворски надзорник, извести сплитско-далматинската полиција.

Во средата, на 15 јануари, примена е пријава на родители на чие дете, на подрачјето на крајбрежното место кај Чиово, непознат маж му дал ќесе, велејќи му дека е полно со бонбони и слободно да се послужи.

Детето, оправдано, се посомневало во вистинитоста на исказот на непознатиот маж, гледајќи дека во ќесето нема бонбони и веднаш ги известило родителите за случајот, соопштија од сплитско-далмнатинската Полициска управа.

Со крим-истрага е утврдено дека во ќесето имало средство за уништување штетни глодачи, се додава во соопштението.

Полиција, со цел заштита на децата, повела интензивно криминалистичко истражување, насочено кон утврдување на идентитетот на непознатиот маж и негово пронаоѓање.

По тридневно истражување, полицијата во петокот го уапсила 50-годишниот маж што се поврзува со случајот, наведуваат од Полициската управа.

ИЗДВОЕНИ