Хорор во Шкотска: Татко и син заедно силувале шеснаесетгодишничка – ќе одлежуваат слична затворска казна

102

Хју и Камерон Мулен, татко и син од Пертшир, Шкотска, се осудени на затвор поради силување девојка (16). Хју Мален е осуден на девет години затвор, додека неговиот син Камерон е осуден на пет и пол години затвор, пишува Sky News.

Хју и Камерон Мулен повеќепати силувале 16-годишно девојче додека таа била пијана. Тие се изјаснија за невини, но минатиот месец Високиот суд во Единбург ги прогласи за виновни.

Хју (42) е осуден на девет години затвор. Денеска во Високиот суд во Глазгов, Камерон (21) е осуден на седум и пол години затвор, односно пет и пол години затвор и две години условно по излегувањето од затвор.

Силувањето се случило во куќата.

Судијата Лорд Лејк рече дека девојчето било силувано повеќе пати. „Твојата жртва беше млада, многу пијана и не можеше да се грижи за себе. Ти ја искористи во таа состојба”, им рекол тој на таткото и синот. Силувањето се случило во куќа во Блергоури, Пертшир, во април 2023 година.

Поротата на судењето слушна дека таткото и синот ја однеле девојката на адресата откако се сретнале со неа во центарот на Перт.

Таа рече дека била со пријателите и се сеќава дека била во автобус. Сеќавајќи се на патувањето, таа рече дека возачот на автобусот ја прашал дали е добро, а помладиот Мулен скокнал и го излажал возачот дека тоа е неговата сестра, по што тој и неговиот татко и помогнале да излезе од автобусот. Девојката изјавила дека изгубила свест неколку моменти пред силувањето, а се разбудила додека Хју ја силувал.

Судијата изјавил дека и двајцата ја силувале девојката и гледале како другиот ја силува. „Вашата жртва помина низ застрашувачко искуство“, им рекол тој.

Судија: Жртвата трпи значителни последици
“На судењето беа презентирани докази за состојбата во која се наоѓала жртвата по нападот. Беше толку вознемирена што не дозволуваше други да и помогнат, а на крајот полицајците мораа да ја задржат заради нејзината безбедност. Нејзиното страдање продолжува долго по нападот. Последиците се значителни”, додал судијата.

Хју, кој исто така беше осуден за обид за попречување на полицијата во полициската станица во Данди ден по силувањето, негираше дека ја намамил девојката од нејзините пријатели нудејќи ѝ бесплатна марихуана, за која исто така беше обвинет. Тој исто така тврди дека бил во дневната соба додека неговиот син и девојката биле горе.

„Не можам да верувам. Шокиран сум“, рече тој откако поротата ја врати пресудата.

Покрај затворската казна, таткото и синот биле трајно ставени во регистарот на сексуални престапници. На Камерон дополнително му беше забрането да контактира со жртвата во следните 15 години „Хју и Камерон Мулен сега ќе се соочат со последиците од нивните одвратни постапки“, заклучил детективот Мареј Скот.

ИЗДВОЕНИ