Хорор во Нови Пазар: Девојка од БиХ била силувана и чувана затворена против своја волја

182

Жител на Нови Пазар А.Б., кому Вишиот суд му одреди притвор од 30 дена поради продолженото кривично дело силување и лишување од слобода, во повеќе наврати ја силувал својата девојка која против нејзина волја ја чувал затворена.

„Девојката кај А.Б. се доселила од Босна, живееле заедно во неговата куќа и во почетокот врската била идилична. Меѓутоа, набрзо започнале несогласувања и караници кои кулминирале“, вели за РИНУ, еден од изворите запознае со оваа ситуација.

За целиот случај се дознало откако сосетката која поминувала покрај куќата на А.Б. слушнала повици за помош.

Таа и нејзиниот сопруг веднаш го пријавиле случајот во полиција која дошла на местото на инцидентот. Тога девојката била ослободена, а насилникот приведен, пренесува „Аваз“.