Хорор во Лондон: Седумнаесетгодишник избоден до смрт на улица – уапсени две млади момчиња

192

Лондонската полиција уапси двајца тинејџери поради сомнеж на убиство, откако 17-годишникот Кирон Чарлс беше избоден до смрт во западен Лондон.

Полицијата примила повик по инџидентот кој се случил на улица Ерконвалд во Шепардс Буш околу 13: часот и 10 минути по локално време во саботата, пренесува „Скај њуз“.

Полицајците пронашле двајца тинејџери со убодни повреди, од кои едниот починал на местото на настанот.

Другиот тинејџер (16) е пренесе во болница и потоа уапсен поради сомнеж за убиство.

Трет тинејџер, исто така на 16-годишна возраст, го напуштил местото на инцидентот и е упсен денеска во раните утрински часови поради сомнеж за убиство, соопшти меторополитен полицијата.

 

ИЗДВОЕНИ