Станот кој е во сопственост на кошаркарската ѕвезда на Анадолу Ефес, Стенли Џонсон, бил цел на напад со огнено оружје, а турската полиција веднаш започнала истрага, јавуваат локалните медиуми.

Два истрели биле испукани низ прозорецот на станот на Џонсон на 20-ти кат во Истанбул, поради што тој брзо ја известил полицијата. Органите на редот пристигнале на местото на настанот во рекордно време и веднаш започнале истрага. За среќа, никој не е повреден.