Хорор во Инсбрук: Австријка го избодела со нож својот партнер Србин

60

Триесетгодишна Австријка е уапсена во Инсбрук под сомнение дека по расправија со кујнски нож го избодела својот 34-годишен партнер, по потекло од Србија, соопшти полицијата.

Медиумите јавуваат дека настанала расправија меѓу сопружниците кои живееле во вонбрачна врска, по што жената зела кујнски нож и го прободела Србинот во грб.

Полицијата соопшти дека Србинот имал среќа што повредите не се опасни по живот и дека неговиот живот не е во опасност. Тој е префрлен во локалната клиника и се лекува амбулантски.

Австријката веднаш била уапсена и однесена во затворот во Инсбрук по наредба на јавното обвинителство.

Според пишувањата на медиумите, таа ќе одговара за континуирано насилство врз нејзиниот партнер.

ИЗДВОЕНИ