Хорор во Германија: Татко уби две мали деца па се самоуби

37

Германската полиција утринава пронашла тела на три лица во куќа во Нојмарк, во покраината Саксонија. Меѓу настраданите има и две мали деца – петгодишно момче и неговата двегодишна сестра.

Според германските медиуми, полицијата добила пријава околу 8 часот и 30 минути, по што на местото на злосторството пристигнале инспектори од криминалистичката полиција и полициската управа во Цвикау.

Според досегашните информации, децата ги убил нивниот татко, кој потоа се самоубил со бесење во својот стан. Засега не е познат мотивот за злосторството.

„Ваквата трагедија ги шокира сите, особено нас кои сме родители. Моите мисли се со семејството и сите погодени во овој мало место“, рече Томас Хениг, локален функционер од редовите на ЦДУ.

Полицијата ја продолжува истрагата за утврдување на сите околности на овој трагичен настан.

ИЗДВОЕНИ