Хорор во Австрија: Словак нападна жена па ѝ го пресече гркланот, рани полицаец и на крајот се разнесе со експлозив

107

Почина 59-годишниот Словак, кој вчера уби 65-годишна жена, а подоцна тешко повреди полицаец во австрискиот град Зистердорф. Кронен Цајтунг објави дека убиецот се разнел со експлозив.

Полицијата вчера добила дојава дека маж нападнал жена. Со нож и го пресекол грлото. Телото на несреќната жена е пронајдено во лозјето. Веднаш била започната опсежна потрага, во која учествувале и припадници на специјалната единица Кобра.

Полицијата претпоставува дека осомничениот најверојатно се забарикадирал во винарска визба во непосредна близина на местото на злосторството.

Тоа е обемен систем на визби и тунели, од кои некои датираат од средниот век.

Австрискиот „Денес“(Heute) пишува дека полицијата повикала историчар за да им ги даде потребните информации за подземниот систем.

Осомничениот неколку пати преку мегафон бил повикан конечно да се предаде.

„Излези“, му рекоа на англиски и германски. Првиот обид за апсење на осомничениот бил неуспешен, а еден специјалец бил тешко повреден кога осомничениот активирал експлозивна направа.

Потоа, од подрумот се слушнале силни звуци, а сведоците мислеле дека станува збор за истрели. Меѓутоа, кога полицијата денеска околу 13 часот влегла во подрумот, го пронашла телото на осомничениот.

Инспекторите во моментов го третираат вчерашното убиство како злосторство од страст. Жртвата и насилникот очигледно се познавале. Според пишувањата на медиумите, Словакот по злосторството контактирал со познаник. Тој му рекол дека нешто згрешил, но не прецизирал дека извршил убиство.

Полицијата соопшти дека 59-годишниот Словак и претходно бил осуден во повеќе земји за недозволено поседување оружје и експлозив.