Дури 14 скијачки се повредени веднаш по почетокот на трката на 10 километри, во рамките на Зимската спартакијада што се одржува во Сочи, Русија. Инцидентот се случил поради магла на делот од трасата.

Девојките налетале една на друга, а 14 од нив завршиле со скршеници на рацете и на нозете.

Имало значително повеќе повредени, бидејќи многу девојки се здобиле само со исеченици и со модринки. Некои од нив, по интервенцијата, објавиле фотографии на социјалните мрежи.