На натпреварот помеѓу Шарлот и Мемфис видовме навистина застрашувачка повреда на дебитантот на Гризлис, Џејлен Велс. Тој ги скрши десниот зглоб и подлактицата за време на натпреварот по тежок пад по забивање. За него оваа сезона е завршена.
Велс лежеше на подот по повредата дури осум минути, пред медицинскиот персонал да стигне до него и да го опреми со „шлем“ закачен на главата за да го изнесе надвор од теренот.
Во болницата било потврдено дека има движење на сите екстремитети, а се покажало дека барем нема сериозни повреди како парализа, за која многумина се посомневале со оглед на падот.
Повредата настана кога играчот на Шарлот одзади непотребно се обиде да дојде до „невозможната“ топка која беше во рацете на Велс додека тој забиваше. Велс имаше страшно приземјување поради кое ќе мора да одмори во наредниот период.
Prayers for Jaylen Wells. 🙏 pic.twitter.com/mxR4v6iC84
— r/CharlotteHornets on Reddit (@HornetsReddit) April 9, 2025
— r/CharlotteHornets on Reddit (@HornetsReddit) April 9, 2025