Хокеарот Глеб Кузмин се здоби со тешка повреда на натпреварот од КХЛ-лигата, меѓу Салават Јулајев и Авангард. Имено, на средината од вториот период дојде до страшна повреда во дуел меѓу Кузмин и Дарен Дич. Рускиот хокеар ја загуби рамнотежата и со голема брзина, удри со главата директно во заштитниот ѕид.

Се грчеше од болка, а неговите ужасни крици направија врева во салата. Набргу лекарскиот тим реагираше и тој беше ставен на носилка, а потоа итно пренесен во најблиската болница.

Медиумите во Русија неофицијално објавија дека постои сомневање за фрактура на торакалниот ‘рбет, но генералниот директор на тимот Салават Јулаев, Ринат Баширов, не можеше да ја потврди или да ја демантира оваа информација.