Најдобрата светска скијачка Микаела Шифрин (29) по падот на саботниот велеслалом од Светскиот куп во Килингтон, испрати видео порака на социјалната мрежа „Икс“, велејќи дека нема причина за загриженост за своето здравје.
Mikaela Shiffrin’s hope of recording her 100th World Cup win is ended by an unexpected fall
We send our best wishes and hope Mikaela is okay pic.twitter.com/Oj3gFTZEPb
— Eurosport (@eurosport) November 30, 2024
- Во моментов нема многу за грижа, едноставно не можам да се движам. Имам прилично голема гребнатинка и нешто ме прободе, изјави американската скијачка која беше во водство по првото возење и според времето што минуваше во второто возење беше на пат до рекордната стота победа во трките од Светскиот куп.
- Едноставно не можам да се движам. Жал ми е што ве плашам сите, но изгледа дека сите наоди се во ред, ви благодарам за поддршката и грижата, додаде Шифрин.
Quick update. Thank you for your cheers and support. Wishing the best of luck to my teammates tomorrow!! I’ll be cheering from the sidelines on this one.❤️ pic.twitter.com/5siYwSFxMT
— Mikaela Shiffrin ⛷️ (@MikaelaShiffrin) November 30, 2024
Американката беше најбрза по првото возење на велеслалом и имаше предност пред Сара Хектор по првите две делници, но не успеа да стигне до целта.
На крајот, зад победничката Хектор се најде хрватската скијачка Зринка Љутиќ, која го запиша првиот подиум во велеслалом во кариерата.
Американката се повлече од настапот пред извлекувањето на стартните броеви за неделната трка во слалом.
Шифрин го освои слаломот во Килингтон шест пати во седумте изданија на трката откако беше додаден во календарот на Светскиот куп, но никогаш не победи во велеслалом. Таа истакна дека во неделата повеќе би сакала да остане настрана и да навива отколку да оди во лов на својата 100. победа во Светскиот куп, што би ја направило единствената во историјата што го направила тоа.
Шифрин одамна го надмина апсолутниот рекорд од 86 победи што го држеше легендарната Швеѓанка Ингемар Стенмарк, а следната скијачка зад неа по бројот на победи е нејзината сонародничка Линдзи Вон, која собра 82. Вон неодамна објави дека и покрај нејзината 41, реши да ги прекине пензионерските денови и да се врати на трките во Светскиот куп оваа сезона.