Словачкиот спортист Ондреј Хусерка, еден од најдобрите тамошни алпинисти, го загуби животот на 34-годишна возраст, спуштајќи се од еден од врвовите на непалските Хималаи.
Хусерка бил на оваа експедиција заедно со Чехот Марек Холечек. Пет дена се искачувале кон врвот на планината Лангтанг Лирунг, а починал при спуштањето.
- Падна од осум метри, а потоа продолжи да се лизга низ лавината, во длабочините на глечерот – изјави Холечек.
Она што е уште пострашно е сведочењето на Холечек, кој се спуштил кај него. Хусерка не ги чувствувал нозете и рацете му биле парализирани. Холечек останал со него четири часа, додека не починал.
View this post on Instagram
Словачкиот весник SME го опиша Хусерка како еден од најдобрите алпинисти во земјата и известува дека досега 12 лица го загубиле животот на Лангтанг Лирунг.