Тело на новородено бебе било пронајдено во Ресавица кај Јагодина, а 33-годишната мајка А.Ѓ. била уапсена поради сомнение дека го убила своето дете, а потоа го оставила во замрзнувач.
Според медиумите, телото на бебето е испратено на обдукција каде ќе се утврдува точната причина за смртта.
Се наведува и дека А.Ѓ. самохрана мајка на пет деца, а откако го родила шестото дете, извршила страшно злосторство.
Низ селото се прошири веста дека таа го убила бебето. Полицијата веднаш отишла во станот во кој претходно живеела мајката и го пронашла телото на бебето во замрзнувачот. Се сомнева дека било таму неколку дена – наведува Блиц.
Мајката веднаш била уапсена, а петте деца биле сместени во згрижувачки семејства.