Актуелниот светски шампион во Мото ГП, Шпанецот Хорхе Мартин, ќе ја пропушти првата трка сезонава, во Тајланд, поради закрепнување од повредата, соопшти неговиот тим, Априлија.

Мартин се здоби со повеќе скршеници на раката и на стапалото во несреќа што ја доживеа на почетокот од овој месец, во текот на претсезонското тестирање на патеката „Сепанг“ во Малезија.

На негово место ќе седне тест-возачот на тимот, Италијанецот Лоренцо Савадори.

ИЗДВОЕНИ