Хонда и официјално ќе го снабдува Астон Мартин со своите погонски единици од 2026 година, но не ја исклучува можноста за проширување на соработката и со други тимови во Формула 1 доколку се укаже таа можност.

Хонда ќе се пресели во Астон Мартин од 2026 година, по долгогодишното партнерство со Ред Бул Рејсинг, станувајќи ексклузивен партнер на британскиот тим. Јапонскиот производител е веќе регистриран како снабдувач на нови мотори во Ф1 и активно работи на развој на технологија која ќе биде клучна за новата ера на спортот.

Регулативите од 2026 година носат големи промени во болидите – тие ќе бидат полесни за 30 килограми, 10 сантиметри пократки и опремени со активна аеродинамика со подвижни предни и задни крила.

Најголемата промена доаѓа во формата на погонската единица – моќноста на моторот со внатрешно согорување ќе се намали на околу 400 киловати, додека електричната компонента значително ќе се зголеми од 120 на 350 киловати.

ИЗДВОЕНИ