Холувудските ѕвезди се обединуваат во помошта за погодените во Лос Анџелес: Актерката Џенифер Гарнер рака под рака со волонтерите/видео

33
EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Американската актерка Џенифер Гарнер по смртта на пријателка „која не стигнала на време“ да го напушти нејзиниот дом зафатен во пожар во Лос Анџелес изјавила дека се чувствува виновна што го преживеала. Гарнер води група волонтери составена од познати личности од светот на забавата кои им помагаат на погодените од пожарот.

Гарнер е еден од волонтерите кои помагаат во дистрибуцијата на храна за евакуираните и одговорните за итни случаи, работејќи заедно со Хозе Андрес, шеф на добротворната организација Светска централна кујна, на една од низата привремени локации во Калифорнија.

Во видно потресена состојба, Гарнер, среде урнатините на градот кој е нејзин дом веќе 25 години, потврди за MSNBC дека „изгубила пријателка“, но мисли дека „сè уште не е време да се зборува за тоа“. Таа, исто така, рече дека нејзината методистичка црква, „полна со чудни и прекрасни луѓе, главно од работничката класа“, била тешко погодена.

 

 

Таа потврди и дека самата црква изгорела до темел и дека нејзиното „срце крвави за нејзините пријатели“.

Уништени се 5.000 домови“. Можам да направам список со 100 пријатели кои ги загубија своите домови. Се чувствувам речиси виновна шетајќи низ мојата куќа. Што можам да направам, како да помогнам, што можам да понудам“, изјави актерката.

Бројни холивудски ѕвезди споделија повици за помош за евакуации и донации на социјалните мрежи, пофалувајќи ги пожарникарите и добротворните организации.

Шерон Стоун ги повика колегите да им понудат помош на центрите кои дистрибуираат храна, облека и други потреби. Хали Бери објави дека ја „спакува целата облека“ за да ја донира на раселените, заблагодарувајќи и се на колешката Шерон Стоун за преземањето иницијатива.

Во донациите се вклучија и војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл.

Оскаровката Џејми Ли Кертис и нејзиното семејство најавија фонд од 1 милион долари за поддршка на жртвите.

Некои филмски ѕвезди исто така ги загубија своите домови во пожарите, вклучувајќи ги Парис Хилтон, Били Кристал, Кери Елвис, Џеф Бриџис и Мел Гибсон.

ИЗДВОЕНИ