Профилот на Инстаграм Tatsiz Fotolar сподели интересни фотографии создадени со помош на вештачка интелигенција, на кои се гледа како би изгледале холивудските актери кога би играле улоги во популарната турска серија „Сулејман Величествениот“.
На фотографиите е Маргот Роби во улогата на Хурем, додека Леонардо ди Каприо го толкува ликот на султанот Сулејман. Според фотографиите, Тимоти Шаламет би го играл ликот на принцот Мустафа, а „Супермен“ Хенри Кавил е претставен како Ибрахим Паша.
Мерил Стрип би ја презела улогата на мајка на султанот, додека на една од фотографиите е Роберт Патинсон како принцот Селим.
Актерката Ева Грин е претставена дека ја толкува улогата на султанката Махидевран, а Ен Хатавеј е во улогата на Нигар Калфа.
„Сулејман Величествениот“ е една од најпопуларните и најуспешните турски серии, а се гледаше низ целиот свет.
Главните улоги ги толкуваа Мерјем Узерли како Хурем и Халит Ергенч како султан Сулејман.
Во Турција, првата епизода беше прикажана во јануари 2011 година, додека последната епизода беше емитувана во 2014 година.
View this post on Instagram