Холандските јавни обвинителства го исклучија интернетот поради безбедносна закана

38
Фото:википедија

Холандските јавни обвинителства го суспендираа пристапот до интернет поради потенцијален безбедносен инцидент поврзан со нивните ИТ системи.

„Тимот за управување со кризи брзо ја истражува оваа работа“, соопшти обвинителството, пренесе NL Times.

Проблемот настана во попладневните часови, поради што беа известени и други организации, меѓу кои и Министерството за правда и безбедност, кое редовно ќе биде информирано за резултатите од истрагата.

Сепак, официјалните лица не ја открија точната природа на инцидентот или неговото потенцијално влијание врз операциите.

Се уште не е јасно дали прекинот е поради сајбер напад или некој друг безбедносен проблем.

Како што пренесуваат медиумите, обвинителството веќе извесно време се соочува со ИТ проблеми кои повремено ги спречуваат обвинителите да праќаат или примаат мејлови или да пристапат до дигитализирани предмети.

Овие проблеми ги нарушија судските процеси, но се уште не се знае дали најновите безбедносни проблеми се поврзани со претходните ИТ проблеми, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ