
Италијанскиот калчолигаш Наполи со големо внимание ја следи ситуацијата околу данскиот интернационалец од редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, Расмус Хојлунд. Малдиот напаѓач игра поменливо во актуелната сезона и се погласни се шпекулациите дека ако не ја подобри својата ефикасност во следните неколку месеци ќе биде продаден за време на летниот преоден рок.