Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин

16

Хитроу повторно отворен по вчерашниот целосен прекин
Лондонскиот аеродром Хитроу денеска објави дека е отворен и целосно ја обновил работата. Соопштението дојде еден ден откако пожар ја прекина струјата и го принуди најпрометниот аеродром во Европа да затвори и да ги откаже сите полетувања и слетувања.

Поради пожарот што избувна во петокот вечерта, околу полноќ по средноевропско време, авионите беа пренасочени кон други аеродроми низ Велика Британија и Европа, а патниците на долгите летови едноставно се вратија на своите дестинации за поаѓање. „Хитроу“ најави дека бројот на летови во петок ќе биде ограничен и дека главно ќе се фокусира на преместување на авиони и внесување авиони во Лондон.

ИЗДВОЕНИ