Тренерот на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, Еторе Месина, имаше комична реакција, која стана вирална на социјалните мрежи и поради која му се смее цел свет. Имено, на десет секунди до крајот, Алба имаше напад за победа, бидејќи резултатот беше 92:92. Топката беше кај Марко Спањол, кој промаши шут за три поени, за голема радост на Еторе Месина, кој прослави победа. Сепак, отпосле виде дека резултатот е изедначен и неговиот тим отиде во продолжение.

Тој дури отиде да се ракува со тренерот на Алба, Израел Гонзалес, а потоа погледна на семафорот. Во тој момент, Месина сфати дека не е завршен натпреварот. На крајот, Алба победи по продолженијата со 105:101.

Димитријевиќ го заврши мечот со 14 поени, пет асистенции и со два скока.