Челниците на италијанскиот калчо гигант Милан се обидуваат на секаков можен начин да ги осигураат услугите на мексиканскиот интернационалец од редовите на холандскиот клуб Феенорд, Сантијаго Хименез. Искусниот напаѓач не крие дека сака својата успешна кариера да ја продолжи на „Сан Сиро“, а најавениот трансфер ќе стане реалност во јануари доколку официјалната понуда не биде помала од 50 мил. евра.