Постојат многу истражувања кои се занимаваат со нашето тело, а некои повремено не изненадуваат. Сите знаеме дека водата се смета за најздрав и најдобар напиток за хидратација, но сепак научниците докажаа дека постои напиток кој повеќе го хидрира организмот отколку водата.
Така, истражувачите од шкотскиот универзитет Св. Ендрјус ги спореди реакциите на неколку различни пијалaци со хидратацијата на човечкото тело.
Иако обичната и минералната вода се навистина добар избор за нашите тела, според новите сознанија, постои нешто подобро. A, тоа е млекото!
Според професорот Роналд Моган, професор на Универзитетот Св. Ендрјус, кој е и автор на студијата, еден од факторите е количината на одреден пијалок. Но, мора да се земе предвид и нутритивниот состав на пијалокот.
Докажано е дека млекото хидрира повеќе од обичната вода, бидејќи содржи лактоза, протеини и масти, а овој состав помага да се забави празнењето на течноста од желудникот.
Покрај тоа, млекото содржи натриум, што доведува до помало производство на урина, пренесува Кликс.