Хеликоптерска несреќа во Италија: Три лица настрадаа откако се урна хеликоптер во Парма – се истражуваат причините

22

Три лица загинаа денеска во хеликоптерска несреќа во Кастелгуелфо ди Ночето во италијанската провинција Парма, а меѓу жртвите генерален директор на „Ровањати“, компанија која произведува суво месо, позната по „Гран Бискотo“, јавија италијанските медиуми.

Според агенцијата Анса и дневниот весник Ла Стампа, една од трите жртви е 41-годишниот Лоренцо Ровањати, кој ја водел компанијата „Ровањати“ заедно со неговиот брат Феручи.

Несреќата се случила во областа каде што се наоѓа замокот Кастелгуелфо, кој е во сопственост на семејството што ја произведува познатата салама, пренесе Анса.

Се претпоставува дека другите двајца загинати биле пилоти.

Интервенирале 118 работници на Брзата помош, а пожарникарите и карабинерите ги започнале првите увиди и идентификација.

Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла го покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати.

Истрагата за утврдување на причините за несреќата ги координира јавното обвинителство во Парма.

И Националната агенција за воздухопловна безбедност отвори истрага за утврдување на причините за несреќата и во следните неколку часа ќе испрати инспектор на местото на настанот за да ја координира работата со истражителите.

Од попладневните часови во областа имаше густа магла, која заедно со темнината можеше да биде една од причините за несреќата.

Според првичните информации, хеликоптерот полетал и можеби се обидувал да се врати на копно по неуспешен обид да ја оствари потребната височина.

Меѓу другото, ќе треба да се утврди дали имало план за летање и дали контролната кула била известена, пренесува Танјуг.

 

ИЗДВОЕНИ