Неколку дена по премиерата на втората сезона на серијата „Куќата на змејот“, HBO го најави снимањето на новото продолжение на светски познатата серија „Игра на тронови“, која се базира на романите на писателот Џорџ Р.Р.Мартин
Како што објави Deadline, името на новиот приквел е A Knight of the Seven Kingdoms. Сместен еден век пред настаните на „Игра на тронови“, таа го следи младиот, наивен, но храбар витез Сер Данкан Високиот и неговиот племеник Јајце додека талкаат заедно во Вестерос.
Сегашниот официјален синопсис гласи: „Сместено во ера кога лозата Таргариен сè уште го држи Железниот трон и сеќавањето на последниот змеј не е целосно избледено од меморијата, големи судбини, моќни непријатели и опасни подвизи ги чекаат овие неверојатни пријатели“, известува Empire. Веста за новата серија од HBO беше споделена и на социјалните мрежи, на радост на многубројните фанови на делото на Џорџ Р.Р.Мартин.
Ова продолжение е засновано на новелата The Hedge Knight, првата од приказните за Dunku i Eggu на Мартин. Снимањето треба да започне наскоро во Белфаст, иако засега не се знае кога е очекуваната премиера на Макс.
Главни сценаристи се Џорџ Р.Р.Мартин и Ира Паркер, кои го напишаа и сценариото за Dragon House. Засега е познато дека во продолжението ќе глумат Питер Клафи како Сер Данкан Високиот и Декстер Сол Ансел како Јајце. Во серијата ќе им се придружат и Фин Бенет, Берти Карвел, Танзин Крафорд, Даниел Ингс и Сем Спурел, пренесува Deadline.