Танкер со нафта и товарен брод се судрија во Северното Море. На местото на настанот се наоѓаат чамци за спасување и противпожарни екипи, а крајбрежната стража ја координира спасувачката операција. Бил повикан спасувачки хеликоптер на крајбрежната стража од Хамберсајд, како и чамци за спасување.
На местото на настанот беше испратен и авион за спасување, како и бродови за гаснење пожари. Танкерот е во пламен, потврдија за Би-Би-Си два одделни извори запознаени со несреќата.
Противпожарните екипи на море работат на локализирање на пожарот, додека спасувачите ја координираат операцијата на лице место.
Засега нема информации за жртви или можно загадување на морето.