Хари Кејн со спектакуларен трансфер се враќа во Премиер лигата

453
epa10836209 Munich's Harry Kane (C) in action during the German Bundesliga soccer match between Borussia Moenchengladbach and FC Bayern Muenchen in Moenchengladbach, Germany, 02 September 2023. EPA-EFE/Christopher Neundorf CONDITIONS - ATTENTION: The DFL regulations prohibit any use of photographs as image sequences and/or quasi-video.

Германските медиуми открија дека Хари Кејн има неверојатна клаузула во договорот со Баерн (М).

Имено, според таа клаузула, напаѓачот од Англија може да се врати во татковината по многу пониска цена, а наводно веќе е во преговори со еден клуб.

Хари Кејн направи се што се очекуваше од него кога од Тотенхем пристигна во редовите на германскиот гигант.

Искусниот напаѓач постигнува голови за забава, а во моментов има постигнато 70 гола на 72 одиграни натпревари. Покрај тоа, тој забележа и 22 асистенции.

Според новинарите на „БИЛД“, во договорот на Хари Кејн постои клаузула, според која тој наскоро треба да се врати во Англија.

На сите им беше јасно дека Кејн од Баерн (М) ќе се врати во Англија, но никој не очекуваше дека може да направи големо предавство.

Секако, навивачите на Тотенхем се надеваа дека овој одличен напаѓач ќе се врати во нивниот клуб, но како што стојат работите ништо нема да излезе од тоа.

Наводно, лутиот градски ривал, Арсенал, е клубот кој будно ги следи случувањата околу Хари Кејн, а според некои медиуми од Германија веќе се започнати преговорите околу трансферот наредното лето.

Јасно е дека на Арсенал му треба напаѓач, а навивачите се надеваа дека тој ќе пристигне за време на зимскиот преоден рок, што не се случи.

Менаџерот на „топчиите“, Микел Артет, флертуваше со Оли Воткинс, но на крајот ништо не се случи.

Затоа, јасно е дека  Арсенал следното лето ќе донесе нов напаѓач, а прашање е дали тоа ќе биде искусниот Кејн или некој помлад фудбалер.

ИЗДВОЕНИ