Хаотична е состојбата во Малага, градот е под вода/ВИДЕО

414
EPA-EFE/MONTSERRAT MARTINEZ

Две недели по разорните поплави кои ја парализираа Шпанија, односно Валенсија, Малага сега е под црвен метео аларм и таму веќе се евакуирани 3.000 жители.

На социјалните мрежи се појавија видеа кои наводно ја покажуваат моменталната ситуација во Малага.

Снимките покажуваат огромно количество вода на улиците.

Силниот дожд предизвика евакуација, излевање на реката Велез и нејзината притока Бенамаргоса, суспензија на брзата линија AVE меѓу Малага и Мадрид, откажување на летовите, затворање на клиниките и здравствените центри во областа Малага-Гвадалхорс поради неповолни временски услови.

https://twitter.com/i/status/1856690887025217867

Покрај тоа, торнадото уништи бензинска пумпа во Мијас Коста, која ги опфаќа областите Ел Фаро, Ла Кала де Михас, Ривиера дел Сол и Калахонда. Торнадото оштети и покриви на куќи во станбената област Ла Норија.

ИЗДВОЕНИ