ХАОС ВО СЛОВЕНИЈА: Пожар во луксузен хотел на Блед, евакуирани 160 гости/ФОТО

39
Фото: Facebook PGD Ribno

Во велнес центарот „Жива“ во хотелот „Рикли Баланс“ во Блед избувнал пожар, при што сите гости на хотелот биле евакуирани, а три лица вдишиле чад и им била укажана помош на лице место. Како што јави порталот 24УР, пожарот избувнал околу 1:30 часот, евакуирани се 160 лица, целата област е обезбедена, а на пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го изгаснат пожарот.

Како што објасни претставникот за односи со јавноста на полициската управа Крањ, Роланд Брајиќ, според првичните информации, пожарот избувнал во подрумот на хотелот. Според досега познатите информации, наводно изгорел дел од комплексот кај базенот.

Полицијата ги замоли луѓето при интервенцијата да не излегуваат на местото на настанот и да не се задржуваат во близина, а околните жители поради пожарот и чадот да ги затворат прозорците на своите станови и куќи.

Причината за пожарот сè уште не е позната и ќе биде предмет на дополнителна кривична истрага. Во пожарот е причинета голема материјална штета.