Хаос на улиците на Букурешт: Десничарите се судрија со полицијата, превртуваа автомобили и палеа контејнери/ВИДЕО

516
screenshot france24

Откако романската изборна комисија ја забрани претседателската кандидатура на десничарскиот политичар Калин Георгеску, на улиците на Букурешт беа организирани масовни демонстрации, кои брзо се претворија во хаос.

Многу брзо откако ја дознале одлуката на изборната комисија, приврзаниците на овој кандидат се собрале пред седиштето на комисијата и ги урнале оградите, по што следела тепачка со полицијата, пренесува Кликс.

Полицијата, според локалните медиуми, употребила и солзавец. Има и повредени, како меѓу полицајците, така и меѓу демонстрантите. Поддржувачите на Калин Георгеску фрлаа камења, петарди и шишиња кон полицијата.

Се огласи Ѓорѓеску: Европа е во диктатура, Романија е под тиранија/ФОТО

ИЗДВОЕНИ