Масовни технички проблеми се случуваат во моменов во цела Германија – на аеродромите низ земјата дојде до пад на компјутерскиот систем на Сојузната полиција.
Тоа го потврди портпаролот на надлежниот орган за весникот „Билд“.
Според наводите, погодени се системи кои службениците ги користат за контрола при влез во земјата. Портпаролот на Сојузната полиција, задолжен за аеродромот во Франкфурт, изјави за „Билд“:
„Нашите колеги сега мораат многу операции да ги вршат рачко, кои претходно ги правеше системот. Во моментот успеваме да се избориме со тоа“. Причината за дефектот во моментот не е позната, пренесува „Билд“.
Во меѓувреме ВДР извеси за долги редови во безбедносниот дел на аеродромот во Дизелдорф.
Некои патници чекале веќе два часа. Аеродромот за медиумот наведе дека во моментот не е можно да се влезе во Германија од земја надвор од Шенген зоната, пренесува Телеграф.